По традиционалното претставување на нова iPhone генерација во септември, октомври обично е месецот кога Apple претставува нови генерации од другите нивни уреди, најчесто iPad компјутери.

Така се очекува и за овој месец, поточно оваа недела. Според информациите, Apple треба да претстави три нови генерации од постоечките iPad уреди, а тие се iPad mini, iPad Air и основниот iPad.

Не се најавуваат некои посебни новини кај овие модели, па тие би биле само мала надградба од нивните претходници, односно освежување со понови компоненти.

Поради тоа се очекува дека тие би биле најавени без настан, односно само со ПР текстови и видеа од Apple.

Најстар од овие три уреди е iPad mini кој последен пат беше освежен во 2021, а тоа беше после повеќе години, што покажува дека Apple овој модел поретко го надградува, а сигурно и помалку се продава.

Се очекува дека ќе биде засилен со A16 Bionic чипот, кој е од минатата година и го користат iPhone 15 обичните модели.

Редизајн се очекува кај основниот iPad модел, што е интересно затоа што овој модел веќе доби редизајн минатата година со неговата десетта верзија. Покрај ова, iPad треба да го добие и А16 чипот кој треба да го има и кај mini верзија.

За iPad Air не се очекуваат некои посебни промени, па за овој модел се најавува само додавање на М2 чипот, а уредот моментално работи на М1.

Најавите се дека претставувањето на овие модели може да се очекува утре, но сепак според познатиот Марк Гурман, Apple оваа година нема да претстави нови iPad уреди овој месец.

Тој верува дека новите модели се оставени за идната година, како што е случајот со iPad Pro моделите, кои идната година треба конечно да дојдат со OLED екрани.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 29to5Mac
Претходна статијаУплатата и испораката на екстра лесно масло за домаќинства EL-1 од „Макпетрол“ почнува на 16 октомври
Следна статијаGoogle сака сите да почнат да се најавуваат на нивните сметки со „passkey“ наместо лозинка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.