Најавите на Трамп од кампањата минатата година, како и политиката на царини која ја започна изминатите недели, го покажува првиот резултат на главната цел да се донесе производството во земјата, наместо во Кина и други земји.
Nvidia најави префрлување на целото производство на нивните супер компјутери за вештачка интелигенција, како и Blackwell чиповите кои се користат за вештачка интелигенција во САД.
Производството ќе се прави во две држави во САД, Аризона и Тексас. Соработка за процесот на производство, како и пакување, е направено со TSMC, кои имаат свои фабрики во САД, како и со компаниите Foxconn, Wistron, Amkor и SPIL.
Иако од компанијата најавуваат целосно префрлување на процесот на производство, сепак одредени делови ќе продолжат да се произведуваат во Тајван и други земји, по што ќе се надоврзат на процесот во САД.
Целосна независност на процесот се очекува дека ќе може да се постигне за неколку години, а и најавениот процес сега се очекува дека ќе биде ставен во целосна функција во наредните 12 до 15 месеци.
„Моторите на светската инфраструктура за вештачка интелигенција за прв пат се градат во Соединетите држави“, рече Јенсен Хуанг, основач и извршен директор на NVIDIA. „Додавањето на американското производство ни помага подобро да ја задоволиме неверојатната и растечка побарувачка за чипови и суперкомпјутери со вештачка интелигенција, го зајакнува нашиот синџир на снабдување и ја зајакнува нашата еластичност“.
Во наредните четири години од компанијата очекуваат дека во САД ќе произведат до половина трилиони долари на инфраструктура за вештачка интелигенција.
Трамп им овозможи исклучок на одредени производи од категоријата на електроника, но јасно е дека крајната цел е да сите што можат, го префрлат своето производство во САД.
Проблемот со овој план на Трамп е што во годините на користење на Кина како место со евтина работна сила направи да во земјата се концентрираат огромен број на стручни лица и работници, па зависноста од земјата веќе одамна не е поврзана со цената.