Како што беше најавено, а и како што е праксата во доста земји во светот, Министерството за Информатичко Општество и Администрација, како и Министерството за Здравство, денеска официјално ја презентираа апликацијата „StopKorona!“.

Оваа апликација беше пуштена во текот на вчерашниот ден и како што беше истакнато на прес конференцијата, таа е веќе симната повеќе од 5.000 пати.

Апликацијата е достапна за двете најголеми платформи, Android и iOS, а можете да ја симнете преку следните линкови.

Како функционира StopKorona! апликацијата

Апликацијата функционира на основа на Bluetooth конекција врз основа на која се детектираат други корисници на апликацијата кои се во близина едни со други. Оваа информација се чува на самиот уред, поради заштита на приватноста, а наместо официјални информации како телефонски број, се генерираат анонимни кодови.

Идејата е да доколку некој биде тестиран како позитивен на COVID-19, ги сподели информациите од апликацијата, по што тогаш ќе бидат прикажани официјалните телефонски броеви на тие лица. Со тоа, тие ќе можат да бидат контактирани и поточно да се знае со кого се имал контакт заболениот човек.

Активацијата на апликацијата се прави со внесување на телефонскиот број, по што се добива код за потврда на истиот. По тоа, се што треба е да се вклучи Bluetooth конекцијата и истата да биде оставена вклучена.

Апликацијата е изработена од страна на компанијата Nextsense.

Видеото од презентацијата на апликацијата, на која беа објаснети сите детали поврзани со истата, можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаYouTube ја прилагоди својата веб страна за корисниците на таблет компјутери
Следна статијаНовите iPhone Pro модели ќе дојдат со променет дизајн и со помал исечок на екранот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.