Познатите и доста популарни OnePlus ја претставија својата најнова генерација од нивните телефони. Достапни се две нови варијанти од новата, односно осмата серија, OnePlus 8 и OnePlus 8 Pro.

Како и кај сите производители, Pro моделот е тој којшто ќе ги има повеќето главни карактеристики кои ќе го привлечат вниманието на корисниците, а обичниот модел е тука за тие кои сепак сакаат нешто пониска цена.

OnePlus 8 Pro доаѓа со 6,78 инчен екран со резолуција од 3.178 на 1.440 пиксели. Главната карактеристика на овој екран е стапката на освежување на сликата од 120 Hz, нешто што ќе придонесе до побрзи анимации, како и подобро користење на целиот екран.

Од OnePlus истакнуваат дека овој екран е досега најдобриот и најсветол екран кој ја има оценката A+ на DisplayMate, а посебно се истакнува и прецизноста на боите.

За одличните перформанси по кои се познати OnePlus ќе се погрижи најновото од Qualcomm, Snapdragon 865, а овој процесор доаѓа и со модем за 5G конекција, нешто што стандардно доаѓа кај овој телефон.

RAM меморијата има 12GB, а просторот за податоци е со капацитет од 256GB.

На задната страна OnePlus 8 Pro има 4 камери кои доаѓаат со 48 мегапиксели кај главната камера со сензор од Sony, исто така 48 мегапиксели кај втората камера која е наменета за ултра широк агол на сликите, како и камера со можност за зумирање. Четвртата камера е таа што е интересна и е наменета за филтри за боја со што се овозможуваат одредени ефекти при сликање.

Батеријата на телефонот е со капацитет од 4.510 mAh, а доаѓа со можност за брзо полнење кое дури и кај безжичниот полнач е со 30W. Тоа овозможува полнење на 50% од батеријата за само половина час.

Вториот модел, односно „обичниот“ OnePlus 8 доаѓа со нешто помал екран со големина од 6,55 инчи, како и помала стапка на освежување од 90 Hz, што сепак е повеќе од стапката која се користи кај повеќето други телефони.

ИЗВОРOnePlus
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаПромоција од А1 Македонија – 50% попуст на дополнителни ТВ пакети
Следна статијаЈавните претпријатија имаат раководни структури без доволно искуство
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.