Познатиот ко-основач и главен директор на OnePlus, Пит Лау, објави дека неговата компанија ќе се спои со исто така познатата Oppo. Со тоа OnePlus ќе добие повеќе ресурси за работа и ќе може да се насочи кон претставување на уште подобри производи, а и понавремено да пушта софтверски надградби.

Спојувањето нема да го згасне OnePlus брендот кој ќе продолжи да функционира независно, со посебни настани и слично.

Може да се каже дека ова спојување и не е така големо со оглед на тоа што овие две компании веќе се во сопственост на истата компанија, BKK Electronics, заедно со Vivo и Realme. Двете компании веќе функционираат под една мајка компанија, па на ова спојување може да се гледа само како на подобрување на искористувањето на ресурсите и знаењето.

Пит Лау веќе одреден период функционира не само како главен директор на OnePlus, туку и како главен директор за производи во Oppo, а ова донесе и одредено спојување на тимовите, по што спојувањето на компаниите изгледа е природниот тек на започнатите работи.

„Јас сум сигурен дека оваа промена ќе биде позитивна за нашата заедница и за нашите корисници. Со подлабоката интеграција со Oppo ние ќе имаме повеќе достапни ресурси за да можеме да креираме уште подобри производи за вас. Тоа ќе ни овозможи да бидеме повеќе ефикасни, на пример, да донесуваме побрзи и постабилни софтверски надградби за корисниците на OnePlus.“ – истакнува Пит Лау.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2OnePlus
Претходна статијаSamsung The Terrace телевизорите верификувани за гледање на отворено
Следна статијаGoogle апликациите се враќаат кај новите телефони од Honor
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.