Фото: OpenAI

OpenAI претстави нешто помала и поевтина верзија од нивниот најнов јазичен модел GPT-4o, наречена GPT-4o mini. Со ова OpenAI влегува во конкуренција со моделите како Gemini Flash и Claude Turbo кои се користени од страна на „помалите“ програмери.

Без разлика што се промовира како „мини“ верзија, GPT-4o mini е поспособен јазичен модел од GPT-3.5 Turbo, па на корисниците на ChatGPT веќе и нема да им биде достапен.

На еден од главните тестови кои се користат за мерење на способноста на јазичните модели, MMLU – Measuring Massive Multitask Language Understanding, GPT-4o mini има резултат од 82%, во споредба со 70% кои ги има GPT-3.5 Turbo, односно 88,7% на GPT-4o.

Главната цел на претставувањето на GPT-4o mini е да им се овозможи на програмерите кои немаат доволно ресурси да ги платат поголемите и поскапи јазични модели. Со достапноста на помали модели како GPT-4o mini многу повеќе програмери ќе можат да развиваат апликации кои ја користат моќта на генеративната вештачка интелигенција.

За почеток GPT-4o mini има можност да функционира со текст и слики, но за иднина се најавува додавање и на видео и звук. Информациите со кои располага овој јазичен модел се до октомври 2023, па ова нешто што треба да се земе во предвид кога се работи со јазичните модели од OpenAI.

Од OpenAI истакнуваат дека GPT-4o mini овозможува повеќе видови на задачи да бидат извршени, како можноста за повикување на повеќе модели, односно API алатки, потоа пренесување на голема количина на контекст како што е цел код или историја на разговори и интеракција со корисниците преку брзи и во вистинско време одговори, погодно за „четботови“ за корисничка поддршка.

На корисниците на ChatGPT ќе им стане достапен на местото на GPT-3.5 Turbo, па корисниците можат да очекуваат генерално подобрување на овој „четбот“ во периодот што следи.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2OpenAI
Претходна статијаНаредната генерација од Galaxy Z Fold треба да има дебелина како обичните смартфони
Следна статијаGalaxy Z Flip6, уред за врвна забава и уште подобри ВИ функции
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.