Претставен во тест форма на почетокот од годината, OpenAI официјално го пушти својот модел за генерирање на видеа, Sora. Оваа верзија треба да е понапредна и побрза од првата, а од компанијата ја нарекуваат Sora Turbo.
Sora им е достапен само на корисниците кои плаќаат претплата за ChatGPT, односно за ChatGPT Plus и ChatGPT Pro корисниците.
Со овој нов модел корисниците ја добиваат можноста да генерираат видеа исто како што тоа досега можеа да го прават за слики. Генерирањето се прави врз основа на насоки дадени во текстуална форма, по што се добива крајниот резултат од вештачката интелигенција.
Како што би се очекувало, резултатите се’ уште се препознава дека се направени од страна на ВИ, колку и да изгледаат добро, па сепак ќе може да се открие дека се работи за видео кое не е вистинско.
За заштита од можни злоупотреби, корисниците нема да можат да генерираат видеа на било која тема, а секое видео ќе биде означено со што ќе може да се потврди дека е генерирано од sora.
Видеата кои се генерираат ќе можат да бидат максимално до 1080p резолуција и со должина од 20 секунди. Форматот во кој ќе можат да бидат генерирани е широк, вертикален или квадратен.
Маркез Браунли нешто порано има добиено пристап до Sora, па во видеото во продолжение ги истакнува неговите заклучоци и можности на овој нов модел.