Wunderlist беше една од најпознатите апликации за задачи пред Microsoft да ја купи во 2015 година. Очекувано, развојот од оваа апликација беше префрлен на новата To Do апликација, а Wunderlist беше затворена во 2019 година.
Основачите на Wunderlist во 2020 година најавија дека работат на нова апликација, слична на нивната прва, но овој пат нешто посложена апликација за листи.
После одреден период на бета тестирање, Superlist сега е официјално достапна за сите корисници. Истата може да се користи преку веб, а достапна е и на iOS, Android и macOS.
За разлика од Wunderlist, Superlist е нешто посложена, а од тоа може да се види дека е повеќе наменета за бизнис корисниците. Иако се промовира и како апликација за обичните корисници, сепак Superlist овозможува во главно организирање на проектите на корисниците преку креирање на различни листи, наместо само задачи.
Во секоја листа корисниците можат да додаваат белешки, задачи, слики, датотеки, а можат да се поврзат и со сервиси како Gmail, Slack, GitHub и уште неколку други.
Делови од Superlist потсетуваат на старата Wunderlist, а тоа се гледа преку одличниот дизајн, достапните можности за поставување на позадини и слично.
Superlist е достапна преку овој линк.