Како што се очекуваше, од оваа недела Apple ги пушти првите јавни бета верзии од нивните оперативни системи кои веќе неколку недели се тестираат од страна на програмерите.
Првите јавни бета верзии ги донесуваат досега достапните новини од третата бета верзија за програмерите, па од сега, па се до септември додека бидат пуштени финалните верзии, корисниците ќе можат да ги користат новите системи пред другите.
Достапни за тестирање за корисниците се iOS 18, iPadOS 18, macOS Sequoia, watchOS 11, како и tvOS 18.
Јавните бета верзии се достапни за сите обични корисници, односно корисниците не треба да имаат програмерски Apple сметки. Се што треба да се направи е да се отвори Software Update делот во General од Settings, па во делот Beta Updates да се избере соодветната бета верзија.
Ова е новиот систем од Apple кој функционира од минатата година, па корисниците веќе не треба да се најават на страната од компанијата и да симнат посебен бета профил.
Главната новина кај новите верзии од оперативните системи е вештачката интелигенција, односно Apple Intelligence, но овие функции не се засега достапни. За истите ќе мора да се почека за некоја од наредните верзии, а можно е Apple да ги остави и за после септември.
Останатите новини вклучуваат работи како нов Control Center кај iOS, можност за прикажување на iPhone екранот кај macOS Sequoia, можност за поставување на прозорите на страните од екранот кај macOS Sequoia и слично.
За сите новини кои беа претставени на WWDC 2024 можете да прочитате од нашите статии на следните линкови: