HERO_Straight Group 1a_07.01.15_72

Canonical работи на развојот на Ubuntu за телефоните оперативниот систем веќе подолго време. Првите телефони со овој оперативен систем беа најавени за минатата година, па веќе почна да се поставува прашањето што се случува и дали ќе видиме телефон со Ubuntu во блиска иднина. Минатата година исто така беа склучени и договори со Meizu и BQ, компании од Кина и Европа, за претставување на модели со Ubuntu.

Прва компанија од овие две која што ќе го претстави воедно и првиот Ubuntu телефон е шпанската BQ, а тоа ќе го направи идната недела. Тие ќе го претстават нивниот Aquaris E4.5, телефон од средната класа кој што моментално се нуди со Android. Ubuntu верзијата ќе биде наречена Aquaris E4.5 Ubuntu Edition и ќе биде достапна само за европските корисници во неколку серии на продажби од страна на одредени оператори.

Цената по која што ќе се продава уредот изнесува 169 евра, а одредени оператори ќе нудат и одредени пакети со телефонски броеви од нивната мрежа.

Што се однесува до карактеристиките на телефонот, тој ќе ги вклучува истите како кај Android верзијата, односно се работи за истиот уред, само со друг оперативен систем. Телефонот доаѓа со 4,5 инчен екран со резолуција од 540 на 960 пиксели. Работи на MediaTek чип кој што вклучува четири јадрен Cortex A7 процесор кој работи на 1,3 GHz. Доаѓа со 1GB RAM меморија, како и 8GB внатрешна меморија за складирање кој што може да биде надополнета со SD картичка. Камерите на телефонот вклучуваат 8 мегапикселен сензор на задната и 5 мегапикселен на предната страна.

Карактеристиките на телефонот се од послаба класа, како што покажува и цената на уредот. Меѓутоа се работи за прв претставен телефон со Ubuntu за кој што и не се очекуваше веднаш да биде од високата класа.

Во продолжение можете да го погледнете отпакувањето и краткиот приказ на BQ Aquaris E4.5 Ubuntu Edition направен од страна на YouTube корисникот Jordan Keyes.

Извор: Ubuntu, Engadget, OMGUbuntu

Претходна статијаTao Chair – Столче кое ќе ви овозможи да вежбате додека седите
Следна статијаАко приватноста е навистина мртва, зошто многумина упорно се обидуваат да ја усмртат?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.