Фото: Apple

Една недела подоцна од што се очекуваше, Apple ги пушти финалните верзии од iOS 18.2, iPadOS 18.2, macOS 15.2, како и watchOS 11.2. Овие верзии беа достапни во бета форма изминатиот период, а сега им стануваат достапни на сите корисници. 

Оваа „тура“ на надградби може да се каже дека е доста важна за Apple, а со истата корисниците ги добиваат поголемиот дел од најавени Apple Intelligence функции. Во првата надградба во октомври беа пуштени функции поврзани со измена на текст, а сега стануваат достапни „посериозните“. 

Корисниците конечно ги добиваат Image Playground и Genmoji, апликации за генерирање на слики и „емоџи икони“ врз основа на дадени текстуални насоки. 

Уште поважно, Siri ја добива интеграцијата со ChatGPT, па секогаш кога ќе биде поставено прашање кое не може да биде одговорено од се’ уште „неунапредената“ верзија од асистентот, ќе биде понудено користење на „четботот“ од OpenAI. 

Корисниците добиваат поприватен начин на користење на ChatGPT, со стандардните тврдења за заштита на приватноста од страна на Apple. Тие кои плаќаат за ChatGPT можат да се најават со својата сметка, па напредните функции кои ги добиваат да бидат дел од Siri.

Уште една интересна новина доаѓа со iOS 18.2, а тоа е можноста за прикажување на имејл пораките во Mail во категории. Не знам зошто оваа новина не е пуштена за Mail апликацијата на iPad и Mac, но засега оваа одлична новина е достапна само на iPhone. 

Во продолжение можете да го погледнете видеото од MacRumors во кое се прикажани сите новини кои доаѓаат со iOS 18.2.

ИЗВОРApple
Претходна статијаКласичната десктоп Outlook апликација ќе биде заменета со новиот Outlook до април 2026 година
Следна статијаПремиера на претставата „Замисли нов свет“ во МНТ, инспирирана од творештвото на Горан Стефановски
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.