Компанија од Калифорнија во САД, која досега воопшто не беше позната, претстави производ кој веќе привлекува доволно големо внимание на пазарот за да може да се каже дека ќе направи разлика на истиот.
Rabbit го презентира нивниот производи наречен R1, кој може да се каже дека е нешто слично на џебна верзија на одамна достапните паметни звучници кои функционираат на основа на паметен асистент.
Сепак, R1 е многу „попаметен“ и пофункционален, а за разлика од звучниците, тој е замислен да се носи со корисникот и до некаде да го замени неговиот смартфон.
R1 функционира со помош на генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели, но интересно од компанијата системот го нарекуваат голем акционен модел, односно Large action model – LAM.
Rabbit OS е направен на основа на овој модел, а основачот на компанијата и нејзин директор, Џеси Лиу, тврди дека тој функционира многу побрзо од алатките како ChatGPT.
Идејата за R1 е да се промени концептот на којшто функционираат смартфоните, односно на основа на голем број на апликации кои корисниците ги користат за нивните различни потреби.
Уредот секако не е наменет да ги замени апликациите за забава или друштвените мрежи, но затоа може да се покаже како револуционерен кога се во прашање извршувањата на одредени задачи и активности.
Конкретно, корисниците во позадина се најавуваат на нивните сервиси, како што се имејл сервис, за музика, достава на храна и слично, а потоа го користат R1 да ги извршуваат своите задачи со гласовни пораки.
Најдобра претстава за што се работи може да се добие од видеото во продолжение од презентацијата на Rabbit R1 од страна на основачот на компанијата.