11036260_863799093687904_7633198351722191599_n

Задутре, односно во среда на 24 Јуни велосипедистите организирани од неофицијалната група на ентузијасти „На Точак“ организира собир, таканаречен „Критична маса #38“ кој што ќе се одржи во Паркот на Франкофонијата во 19:00 часот.

Идејата зад собирот е подигање на свеста за потребата од повеќе, но и подобри паркинзи за велосипедите во градот. Исто така, според закон донесен минатата година, сите јавни институции се обврзани да имаат велосипедски паркинзи пред нивните објекти, а доколку тоа го немаат обезбедено, ќе мора да го направат до Август оваа година. Сите нови јавни објекти мора да обезбедат вакви паркинзи од самото нивно пуштање.

Она што од неофицијалната група сакаат да истакнат е и видот на паркинзи кои што обично се поставуваат за велосипедите. Тие се оние стари кои што сите ги имаме видено и кои што овозможуваат врзување на велосипедот за неговото тркало. Во основа сите знаеме колку велосипеди се украдени со едноставно вадење на тркалото и земање на остатокот од велосипедот.

na tocak 38 500x500px-01 (1)

Паркинзите кои што овозможуваат врзување на велосипедот за неговата рамка овозможуваат многу побезбедно негово оставање. Со оглед на фактот што велосипедите се користат како основно превозно средство од страна на голем број на граѓани, потребната од обезбедување на соодветни паркинзи е нешто кое што институциите треба сериозно да го земат во предвид.

Се разбира тука е и користа од возењето на велосипедите од што повеќе луѓе. Тие не ја загадуваат околината, а и им овозможуваат на возачите физичка активност која што е добра за здравјето.

Со обезбедувањето на повеќе и подобри паркинзи, како и велосипедски патеки, многу повеќе луѓе би се одлучиле да го заменат нивниот стандарден превоз со велосипед.

Извор: На Точак

Претходна статијаGalaxy J5 и J7 се првите два телефони на Samsung со предна камера со блиц
Следна статијаКинескиот Oukitel спрема телефон со 10.000 mAh батерија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.