Фото: Samsung

За следниот месец се очекува претставувањето на наредната генерација од паметните часовници од Samsung, а набрзо после тоа и пуштањето наредните генерации од оперативните системи од компанијата. 

Samsung најави неколку новини кои ќе дојдат со One UI 8 Watch кои се очекувано поврзани со здравствените мерења, а кои ќе ги направат часовниците од компанијата доста попривлечни за корисниците. 

Првата новина е наречена „Bedtime Guidance“, а истата го анализира спиењето на корисникот и му препорачува кога е најдобро да легне да спие. 

„Vascular Load“ исто така ги прави своите мерења за време на спиењето на корисникот, а во овој случај ја мери работата на срцето. Корисниците добиваат информација за колку нивниот васкуларен систем е оптоварен за време на спиењето, нешто што секако треба да е во пониската граница. 

Фото: Samsung

Третата новина е поврзана со вежбањето, односно со најпопуларната активности, трчање. „Running Coach“ ќе биде тука да им помогне на корисниците како најдобро да ја зголемат својата кондиција и да почнат да трчаат повеќе, а сето тоа на најдобар начин за да го намалат ризикот од повреди. 

Фото: Samsung

Последната новина е наречена „Antioxidant Index“ и истата ги мери „каретоноидите“ преку кои би требало да се добие претстава дали корисникот јаде или пие доволно храна со антиоксиданти. 

Фото: Samsung

Засега нема информација кога од Samsung планираат да почнат со пуштањето на One UI 8, а оваа година Android 16 беше пуштен најрано досега, па се надевам дека тоа ќе се одрази и на производителите.