Најновите главни модели од компанијата ќе почнат да се продаваат од оваа недела, а истото важи и за Јапонија. Новите Galaxy S6 модели доаѓаат во две варијанти, односно веќе познато за повеќето корисници, S6 и S6 Edge кој што доаѓа со малку заоблен екран на страните.
Овие два модели кога ќе станат достапни за јапонските корисници од оваа недела, нема да го користат Samsung името. Наместо тоа, тие ќе бидат брендирани само со Galaxy името заедно со името на операторот во Јапонија кој што ќе го продава уредот.
Од Samsung не излегуваат со директен одговор зошто се имаат одлучено на овој чекор, па само кажуваат дека нивниот бренд е веќе одамна етаблиран во земјата.
Причината поради која што се верува дека Samsung се има одлучено да не го користи нивниот бренд во земјата се политичките несогласувања кои што ги има помеѓу Јапонија и Јужна Кореа. Со други зборови, корисниците има поголеми шанси да се одлучат да ги купат новите телефони, доколку тие директно не укажуваат на овој јужнокорејски бренд.
Инаку, Samsung иако е еден од најголемите производители на мобилни уреди во светот, во Јапонија држи само околу 5% од пазарот. Главниот играч на овој пазар е Apple со нивниот iPhone кој што држи скоро половина од пазарот за мобилни телефони.
Статистиките покажуваат дека покрај iPhone, јапонските корисници се одлучуваат најмногу за купување на производи од домашните компании.
Извор: The Korea Herald, TechRadar, The Guardian