Во рамките на CES 2024 Samsung претстави технологија која дефинитивно го привлекува вниманието и покрај се друго што е претставено или ќе биде претставено на познатиот саем во Лас Вегас.
Од компанијата го претставија првиот во светот проѕирен MICRO LED екран кој слободно може да се каже дека потсетува како да е од научно фантастичен филм и ни дава претстава што може да очекуваме во блиска иднина.
Екранот е презентиран заедно со проѕирни OLED и LED екрани за да може да се види колку е подобра MICRO LED технологија. Овој екран е повеќе проѕирен од другите, а и овозможува посилна светлина, односно тоа што се прикажува се гледа без проблем со нивото на проѕирност.
Дополнително, за разлика од другите, MICRO LED екранот воопшто нема рамки, а е со дебелина од само 1 сантиметар, од каде доаѓа и футуристичкиот изглед и стил.
Од компанијата сепак само го презентираа овој екран, па тој не е дел од некој најавен производ. Исто така, нема информации кога тоа може да се очекува, а каква би била и цената на еден таков производ, сигурно доста висока.
Во продолжение е видеото кое го објавија од компанијата од екранот.