„Во свет каде често се чини дека не можеме да фатиме чекор со новите технологии, вештачката интелигенција е тука да ги поедностави работите. Станува збор за подобрување на искуство со гледње ТВ, а не комплицирање. Затоа што она што е најважно, не е и никогаш не била технологијата, туку уживањето во моментите. Со телевизорите со вештачка интелигенција, тие моменти се полесно достапни. Тоа е толку едноставно.“ – Хозе Бареиро – Лопез, потпретседател на Европскатта визуелна канцеларија за телевизори и звучни уреди на Samsung
Откако паметиме, никогаш не се зборувало толку многу за вештачката интелигенција како денес, таа е дефинитивно „talk of the day“ во бизнис круговите, но и приватниот живот опкружувајќи нé со сите уреди и домашни апарати во кои е интегрирана. Во овој текст ќе се осврнеме на новите модели на Samsung телевизори, за кои со сигурност можеме да кажеме дека вештачката интелигенција кај овие уреди го револуционира гледачкото искуство до степен најблизок до совршенство.
Samsung екрани за сите
Samsung веќе подолго време ја следи својата визија на „екрани за сите“, која потпретседателот на Европскатта визуелна канцеларија за телевизори и звучни уреди на Samsung, Хозе Бареиро – Лопез (Jose Barreiro – Lopez), ја поврзува со трајните напори на производителот телевизорите да станат поедноставни за користење, а сепак да ги задоволуваат желбите и критериумите на корисниците и да внесат магија при гледањето без разлика дали сте филмоман, љубител на спортот, музички фанатик или естета, па дизајнот ви е од пресудно значење. И не само тоа, туку да биде симплифициран и целиот процес на избор на соодветен телевизор според личните афинититети и сите техникалии за вистинските поставки на телевизорот, бидејќи нема ништо подобро од волшебно, филмско искуство од удобноста на нашиот дом, со кое биваме инспирирани и восхитени од неверојатни приказни, од историски моменти и од ултимативни човечки достигнувања.
Зошто Samsung AI TV (телевизори со вештачка интелигенција)?
Следењето и адаптирањето кон постојаните промени на однесувањата кај потрошувачите му го овозможува на Samsung приматот на лидер на глобалниот пазар на телевизори 18 последователни години, како и глобален број еден бренд за звучници 10 години по ред.
„Природната прогресија на оваа филозофија беше да се придвижиме кон нешто што може да функционира за секого, поради што создадовме телевизори со вештачка интелигенција. Тоа е столб на сеопфатниот поглед на Samsung: ВИ може да се користи за да донесе значајни искуства за сите, може да ги поедностави секојдневните проблеми и да го направи нашиот однос со технологијата поприроден, поедноставен. Тоа е нешто што Samsung го истражува и развива повеќе од една деценија, со шест посветени истражувачки центри ширум светот – три од нив во Европа. Досега имаме поднесено над 3.000 патенти поврзани со вештачката интелигенција“, ја елаборира Хозе Бареиро – Лопез првичната идеја за ВИ телевизори, и нагласува дека тие можат да направат сè да изгледа подобро. Стари филмови, дигитализирани VHS ленти или омилените DVD филмови – тоа се местата каде што вештачката интелигенција навистина може да направи разлика и да вдахне нов живот на старата и неквалитетна содржина. обезбедувајќи поизвонредно доживување при гледањето без разлика на изворниот материјал или големината на екранот.

Фантастичната ВИ технологија AI Upscaling открива и обновува детали и текстури за реална јасност, процес кој вклучува анализа на слики и вектори на движење за да се генерираат нови детали кои не се присутни во оригиналното видео. Наместо само да множи пиксели, оваа функција гипрепознава моделите на сликата и ги подобрува за да обезбеди поголеми детали и квалитет на видеото. Една од Samsung-овите signature-технологии за телевизори е QLED технологијата која ревносно ја употребува оваа функција, особено за upscaling на сликата кај моделите со 8K екрани.
AI Motion Enhancer може да го израмни и измазни текстот, нерамните линии и заматените подвижни објекти како на пр. фудбалските топки, што го олеснува следењето на дејството онака како што е наменето. Кога ќе се додадат и функциите Real Depth Enhancer Pro и Auto HDR Remastering, кои им помагаат на објектите да се истакнат и да изгледаат поживописни, тука е крајот на бледите слики и досадните бои. Сите овие ВИ функции потврдуваат дека вештачката интелигенција може да ви помогне да поминувате повеќе време уживајќи со вашиот телевизор и помалку време за микро-управување со ТВ поставките за да добиете најдобри перформанси.

Телевизорите со вештачка интелигенција го подобруваат и акустичкото искуство
Приспособливиот звук или функцијата Adaptive Sound го прилагодува звукот за совршено да одговара на она што го гледате, без разлика дали се работи за тивок разговор во драма или епска борбена сцена. Дури и се прилагодува на вашето опкружување, па ако гледате доцна навечер и не сакате да вознемирувате никого со зголемување на јачината на звукот, дијалогот сепак ќе биде јасен без да се преоптоварува остатокот од звукот. ВИ ги нивелира и звучните околности со Активниот засилувач на глас односно Active Sound Amplifier кој автоматски го засилува дијалогот доколку детектира покачени звуци од околината.
Слично и со надворешната светлина која се менува во текот на денот и честопати се сме заслепени од премногу светлиот екран, или пак ни пречи отсјајот на светилките во екранот. ВИ е тука да го реши и тоа, па така, функцијата приспособлива слика или Adaptive Picture ги прилагодува осветленоста и контрастот врз основа на осветлувањето на просторијата и она што го гледате, додека технологијата Matte Display за мат екрани го намалува отсјајот.

ВИ може да ви даде предност во игрите
За сите гејмери, вештачката интелигенција не обезбедува само подобар квалитет на сликата и звукот, туку таа може да доведе до победа. Режимот за автоматска игра Auto Game Mode може автоматски да ги приспособи сите перформанси на телевизорот за да овозможи појасна игра, да го намали заматувањето на движењето, да ја минимизира латентноста и др. Не открива само кога сте ја вклучиле вашата конзола за игри, туку ги оптимизира перформансите на сликата и звукот според видот на играта што ја играте. Без разлика дали сте нурнати во нашата RPG игра и ви треба појасен текст, или сте во интензивен FPS со повеќе играчи и ви треба силна фрејм стапка, ВИ ќе се погрижи за сé.
Контрола врз сите паметни уреди во домот преку вашиот Samsung AI TV
Иако нашите домови стануваат само попаметни, понекогаш не изгледа баш така, имајќи ги предвид бројните поврзани уреди во нашите животи. Но, вештачката интелигенција може да помогне полесно да управувате со сè. Со апликацијата SmartThings што интегрира вештачка интелигенција во широкото портфолио на Samsung и компатибилни производи од трети страни, вашиот телевизор може да стане центар за контрола на сите ваши паметни домашни уреди.

Се разбира, во оваа ера на поврзани уреди, постои зголемена загриженост за безбедноста и приватноста на податоците. Затоа телевизорите со вештачка интелигенција на Samsung се заштитени со Samsung Knox, сертифициран, повеќеслоен пристап за безбедност кој постојано ги следи заканите и автоматски ги блокира штетните напади, заштитувајќи ги дури и уредите поврзани на вашиот телевизор.
Доколку сакате да го доживеете врвот на технологиите со вештачка интелигенција применети кај најмодерните иновативни ТВ уреди, тогаш без двоумење, вашиот избор нека биде телевизор од производителот Samsung, чија широка лепеза од најмодерни ТВ уреди ќе го задоволи сечиј вкус за перформанси, дизајн и критериум за квалитет.