Sony ја претстави линијата на производи за 2024 која вклучува нови телевизори и звучни ленти, но оваа година посебно внимание привлекуваат телевизорите.

Иако Sony продолжува да прави нови OLED телевизори, сепак, кога ќе помислите на најдоброто од компанијата, оваа година тоа ќе биде Mini LED технологијата. Напредокот кој го имаат постигнато од Sony овозможува да оваа веќе одлична технологија, а посебно кога е во прашање светлината, може да овозможи и контраст доста сличен со тој кај OLED.

Главната серија оваа година е Bravia 9 која е составена од три модели, односно телевизори со три големини, 65, 75 и 85 инчи. Новата генерација на Mini LED кај оваа серија доаѓа со три пати повеќе зони каде сликата може да се затемни, од каде успешното конкурирање на OLED, заедно со 50% повеќе светлина од претходната генерација.

За точното осветлување на LED сијаличките, кои ги има илјадници, се грижи XR Backlight Master Drive, а оваа технологија треба да овозможи слика која нема да може да се разликува од OLED кога е во прашање контрастот.

Тука треба да се додат и X-Wide Angle и X-Anti Reflection технологиите кои овозможуваат добар агол за гледање, односно слој против одбивање на светлината која би пречела при гледањето.

Sony ја задржува и OLED линијата која оваа година е наречена Bravia 8, а исто како Bravia 9 доаѓа со три големини на екранот, односно 55, 65 и 77 инчи. Оваа година OLED серијата од Sony донесува 31% помала дебелина, како и 29% помали рамки околу екранот.

Bravia 7 исто така е Mini LED серија која може да се спореди со карактеристиките на ланските Mini LED модели, но со пониска цена. Оваа серија донесува четири големини, односно 55, 65, 75 и 85 инчи.

На крајот тука е и Bravia 3 серијата која е составена од „класичните“ LED телевизори. Оваа серија треба да ги привлече корисниците кои сакаат да платат помала сума, а доаѓа со големина на екранот од 43, 50, 55, 65, 75 и 85 инчи.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Sony
Претходна статија„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година
Следна статијаМакедонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.