Фановите на играчки конзоли, а посебно тие на PlayStation, конечно го добија официјалниот изглед и додатоци за најновата PlayStation 5 конзола која треба да почне да се продава до крајот на годината.

Изгледот на PlayStation 5 е нестандарден и може слободно да се каже футиристички. Црната внатрешност е „обиколена“ со интересна бела површина која има неправилна форма.

Конзолата може да се постави во вертикална и во хоризонтална позиција, зависно од желбата на корисникот, а од Sony имаат вклучено држач за двете позиции.

Sony PlayStation 5 ќе дојде во две верзии, една со Blu-ray читач, а другата без читач, односно целосно дигитално издание. Верзијата без Blu-ray читач е нешто потенка, очекувано поради немањето на цела додатна компонента внатре, но не е познато дали оваа верзија ќе биде и нешто поевтина.

Конзолите се трудат да ги привлечат корисниците при изборот која да ја купат со листа на ексклузивни игри, достапни само на таа конзола, па Sony се и познати по својот добар избор. PlayStation 5 нема секако да биде исклучок од ова правило, а најавена беше почетна листа од 9 ексклузивни игри која можете да ја погледнете тука.

Карактеристиките, односно хардверот на Sony PlayStation 5 веќе беше презентиран, па корисниците може да очекуваат добра конкуренција на Xbox која исто така ќе почне да се продава до крајот на годината.

AMD Zen 2 процесор, посебно направен AMD RDNA 2 графички процесор и SSD диск со капацитет од скоро 900 гигабајти се дел од карактеристиките на Sony PlayStation 2.

Корисниците ќе можат да купат и додатоци за конзолата кои ќе се продаваат посебно, како што се посебен далечински управувач, безжични слушалки, станица за полнење на контролерите, нова камера и слично.

ИЗВОРSony
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаDropbox ќе понуди сопствено решение за сигурно чување и пополнување на лозинки
Следна статијаМотоциклистите чести жртви во сообраќајни незгоди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.