Фото: Shutterstock.com

Додека дел од конкуренцијата уште од самиот почеток на корисниците им нуди „lossless“ аудио квалитет, најпознатиот сервис се’ уште чека за воведувањето на оваа карактеристика. Се што знаеме овие неколку години е од гласини, па по кратка пауза, нив еве ги повторно.

Знаците за воведувањето на повисок квалитет кај Spotify, нешто што досега беше нарекувано HiFi, сега се откриени во кодот од Android апликацијата на сервисот. Во кодот се гледаат доволно конкретни делови за да нема сомневање за што точно се работи.

За разлика од досега очекуваното Spotify HiFi име, сега „lossless“ квалитетот се очекува дека ќе дојде во форма на додаток на Premium претплатата, а овој додаток ќе го носи името Music Pro.

Се очекува дека Music Pro ќе има и уште неколку дополнителни карактеристики, а не само квалитетот на аудио датотеките.

Во кодот се споменува и некоја нова и патентирана технологија за оптимизирање на звукот за слушалките, а посебно се истакнуваат AirPods Pro од Apple.

Сликите од извадоците од кодот се достапни на овој линк.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаDuckDuckGo го претстави Privacy Pro пакетот кој вклучува VPN развиен од компанијата
Следна статијаНајавената претплата за новите корисници на X изгледа ќе стане стандардна практика на мрежата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.