ballmer_web

Од оваа недела, Steve Ballmer, поранешниот главен директор на Microsoft официјално останува само како акционер во компанијата. Очекувано и најавувано веќе одреден период, поради мислењата дека иако добро ја водеше компанијата не успеа на време да се прилагоди на новите пазарни услови, тој поднесе оставка од позицијата член на бордот на директори. Сепак доколку се земе содржината на email пораката испратена до сегашниот директор Satya Nadella, се добива впечаток дека одлуката е донесена од негова страна не толку одамна.

Без разлика кога и од кого е донесена одлуката, Steve Ballmer беше директор на компанијата од 2000-та година и за тоа време тој успеа трипати да ги зголеми приходите и да ја дуплира добивката. Од оваа позиција се повлекува на 4-ти Февруари оваа година со што неговата позиција ја презима Satya Nadella. Во Microsoft се вработува во 1980 година, а станува и првиот бизнис менаџер на компанијата. Роден е во Март 1956 година и има студирано на Harvard и Stanford Универзитетите.

Во email пораката до Satya Nadella, Ballmer истакнува:

Како што се приближувам до изминувањето на шест месеци од моето пензионирање и твоето назначување како CEO, почнав да размислувам за мојот живот, моето тековно сопствеништво на акции во Microsoft, како и мојата вклученост во компанијата. Дојдов до одредени заклучоци и сакав да ги споделам со тебе.

Прво, Microsoft беше мојата животна работа и сум горд на тоа и возбуден од тоа што го гледам пред компанијата и овој лидерски тим. Има предизвици пред вас, но можностите се дури поголеми. Нема компанија во светот која што ја има комбинацијата на софтверски способности, способности за облакот, како и хардверски способности кои што ги имаме собрано. Привлекуваме талент како било која компанија во светот. Ја имаме профитабилноста за да можеме да инвестираме во долгорочни можности и сепак да овозможиме краткорочни перформанси.

Не поминав скоро воопшто време навистина размислувајќи за мојот живот после Microsoft до последните денови со компанијата. Во шесте месеци откако заминав станав доста зафатен. Ја гледам комбинацијата од Clippers, граѓанскиот придонес, предавањето и учењето како ми одземаат доста време.

Со оглед на мојата доверба и големиот број на нови обврски кои што ги имам сега, мислам дека би било непрактично за мене да продолжам да служам во бордот и би било најдобро да продолжам. Оваа есен ќе биде бурна помеѓу предавањето нов клас и почетокот на NBA сезоната, па моето заминување од бордот стапува на сила веднаш.

Извор: Microsoft

Претходна статијаHP Stream: Windows конкуренција на популарните Chromebook лаптопи
Следна статијаTwitter ќе прикажува дополнителна содржина на вашата листа со новости
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.