tesla-powerwall-garage_wide-eb2b9c96f52a62786bfeeab13231bb76c0d27d07-s900-c85

Тесла на Елон Маск само што го претстави својот најнов проект – Tesla Energy – кој има потенцијал да предизвика вистинска револуција во енергетскиот сектор и начинот на кој човештвото ја произведува и складира енергијата.

Како планира тоа да го постигне? Преку создавање на уреди („батерии“) за складирање кои заедно со напредокот на инфраструктурата за производство на енергија од обновливи извори, ќе го започнат испраќањето на фосилните горива како главен извор на енергија во историјата.

Идејата на Tesla Energy е сместување на уред во сопствениот дом, канцеларија, па дури и други поенергетско-потрошувачки активности. Секако, за различните намени од Tesla смислија различни уреди, па така за домашна употреба имате два под името Powerwall – првиот ќе ви овозможи 10 кВч за 3.500 долари, а вториот 7 кВч за 3.000 долари (без инсталација и инвертор). Со ваквите уреди кои се поврзани на Интернет ќе има можност да се прават паметни локални електрични микромрежи кои можат да ги задоволуваат електричните потреби на сите корисници во еден кварт и да ги „пеглаат“ наглите промени во потрошувачка или понуда на електрична енергија, а воедно и да ја намалат цената оптимизирајќи ја акумулацијата кога таа е поевтина.

Од друга страна, за бизниси и производствени погони доаѓа Powerpack. Powerpack претставува бесконечно скалабилен систем и може да се употребува практично насекаде и за секоја потрошувачка на енергија. Тој е модуларно направен од батерии од 100 кВч кои можат да се спојат од 500 кВч до 10 МВч и повеќе. Комбинацијата на еден акумулатор на концентрирана сончева енергија кој произведува екстра количества електрична енергија преку ден, заедно со ветерници и Tesla Energy акумулатори преку ноќ ќе ја оптимизира потрошувачката на енергија и ќе ја направи дури и поевтина од природниот гас.

Токму тоа и му е целта на Маск кој за оваа пригода изјави: „Нашата цел тука е на екстремен начин да го смениме начинот како светот ја користи енергијата“. Маск уште еднаш (покрај Мисијата до Марс, глобален евтин Интернет пристап, и приватната вселенска програма, ослободувањето на патенти за електрични автомобили, концепт за супербрза железница, загриженост за иднината на човештвото со ВИ…) покажа дека е феноменален претприемач, изумител и пред се` човекољубец кој сака да го види човештвото на повисоко ниво. Уште еднаш покажува дека за разлика од некои земји и општества кои се` уште се занимаваат со романтичарски националистички идеали и тоталитарни уредувања, други напредуваат кон ѕвездите и слободното, просперитетно општество, овозможувајќи им на феномените како Маск да не` издигнат нагоре.

Извор: The Verge, Deutsche Welle, Uber Gizmo

Претходна статијаОткриен ензим кој може да смени една крвна група во друга
Следна статијаКако се формирала Месечината?