Meta официјално ја пушти својата конкуренција на Twitter, направена како апликација поврзана со Instagram. Threads веќе може да се симне од двете апликации за продавници, а уште од самиот почеток ќе ви биде понудено поврзување со вашата Instagram сметка, како и можност да почнете да ги следите сите ваши пријатели на оваа мрежа.

Логиката за поврзаноста на Threads со Instagram е сличниот начин на функционирање, односно кратки објави, кои сега со новата апликација се текстуални, наместо само слики и видеа.

Апликацијата изгледа и функционира скоро исто како Twitter, односно кај овој вид на мрежи нема ни потреба од обид за некакво разликување во овој дел.

Корисниците можат да објавуваат до 500 карактери, а тие исто така можат да вклучуваат текст, линкови, слики и видеа до 5 минути.

Главниот на Instagram, Адам Мосери, објави кратко видео преку кое истакнува дека повеќе од 10 милиони корисници се имаат регистрирано на Threads во првите 8 часа, а бројката продолжува да се зголемува и се гледаат доста познати личности на истата.

„Instagram е местото каде што милијарди луѓе ширум светот се поврзуваат преку фотографии и видеа. Нашата визија со Threads е да го земеме она што Instagram најдобро го прави и да го прошириме на текстуални пораки, создавајќи позитивен и креативен простор за изразување на вашите идеи. Исто како на Instagram, со Threads можете да следите и да се поврзувате со пријателите и креаторите кои ги споделуваат вашите интереси – вклучувајќи ги и луѓето што ги следите на Instagram и пошироко. И можете да го користите нашиот постоечки пакет на безбедносни и кориснички контроли.“ – истакнуваат од Instagram.

Threads се гледа дека е направен од страна на тимот на Instagram, па дел од корисничкиот интерфејс е познат и корисниците лесно ќе можат да се прилагодат. Тука се и правилата за објава, како и прилагодувањата за приватност, па корисниците ќе можат да бираат кој може да ги следи, да одговара на нивните објави и слично.

Како што претходно се шпекулираше, Threads во иднина ќе има поддршка за ActivityPub протоколот со што корисниците ќе можат да се следат и со останатите корисници кои користат мрежи кои работат на овој протокол. Најпозната таква мрежа засега е Mastodon, а корисниците дури ќе можат својата сметка да ја префрлат на друга и да не користат Threads повеќе.

Тоа што на крајот на интересира е дали и колку од политиката на модерирање на содржината на Meta ќе стане дека од Threads, односно колку голема цензура ќе има на оваа мрежа.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаTelegram се приклучува на апликациите кои овозможуваат објава на Stories
Следна статијаПретплатниците на Spotify веќе нема да можат да плаќаат преку системот на Apple
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.