По првичните информации пронајдени во кодот од апликацијата, па официјалната најава од страна на компанијата, TikTok конкурентот на Instagram сега е и официјално претставен.

Апликацијата е наречена TikTok Notes и ќе им биде достапна на ограничен број на корисници во Австралија и Канада. Од компанијата ја најавија апликацијата преку објава на X, каде истакнаа дека во оваа фаза се работи за ограничен тест на истата.

TikTok Notes го претставува првиот случај на „копирање“ на нешто од страна на оваа компанија. Обично Meta беа тие кои мораа да ги следат новите и доста популарни апликации, а претставувањето на посебна апликација за слики од страна на TikTok може да се каже дека е доста логичен чекор.

Од тоа што може да се види од сликите кои се објавени во App Store и Play Store се гледа дека се работи за нешто поразлична апликација од Instagram. Сликите се прикажуваат во две колони, наместо едно по една како кај главниот конкурент. Може да се каже дека апликацијата малку потсетува и на Pinterest.

Што се однесува до функционалноста на апликацијата, односно остатокот од корисничкото искуство, се гледа дека сепак се работи за конкурент на Instagram.

TikTok Notes има и една карактеристика која ја нема кај Instagram, а тоа е можноста да се додаде наслов под секоја слика, односно пред почетокот на текстот од објавата.

Ова е нешто што изгледа одлично и се надевам дека Instagram ќе решат да го копираат од TikTok Notes.

Засега нема информации кога апликацијата може да се очекува во остатокот од светот.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаМакедонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија
Следна статијаЕвропските конзервирани праски од Грција ги воодушевија потрошувачите во Скопје
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.