
Verizon и Yahoo денес излегоа со информација дека постигнале договор за купување на оперативниот бизнис на Yahoo за скоро 5 милијарди долари, односно за 4,83 милијарди. Ова е нешто што веќе одреден период се најавува и спрема, само не беше познато точно кој ќе биде купувачот на една од најпознатите компании во светот.
Главната причина за одлуката Yahoo да почне да бара купувач во главно лежи во неможноста да се конкурира со денес најголемите играчи Google и Facebook. Иако Yahoo има огромен број на корисници, тие не успеваат да ја вратат поранешната популарност и да станат третиот играч на интернет пазарот.
Делот од Yahoo којшто е предмет на продажба, како што беше најавено и порано, е интернет бизнисот, поточно Yahoo рекламирањето, новостите и друга содржина, интернет пребарувачот и мобилните сервиси и апликации.
Она што нема да биде продадено се уделот на Yahoo во Alibaba, паричните средства на компанијата, како и уделот во Yahoo Japan и уште неколку други инвестиции.
Yahoo е планирано да биде интегриран со AOL, исто така во сопственост на Verizon, компанија по која веќе спаѓаат интернет портали и слични бизниси.
Извор: Verizon, TechCrunch