Со огромната популарност на Google Chrome, а тука се и Mozilla Firefox, Apple Safari, како и најавениот нов Spartan од Microsoft, можеби се поставува прашањето дали има простор за уште прелистувачи. Ова посебно се поставува како прашање кога ќе се земе во предвид начинот на користење на сервисите и производите во светот, а тоа е масовно користење на неколку производи, додека другите држат многу мал и незначителен процент од пазарот.

Без разлика на мислењето на оваа тема, поранешниот CEO на Opera, Jon von Tetzchner, кој што е еден и основачите на овој познат прелистувач во деведесеттите, оваа недела ја претстави првата јавно достапна тест верзија од неговиот нов интернет прелистувач наречен Vivaldi.

Jon von Tetzchner си замина од Opera кога од компанијата решија целосно да го променат стилот на работа, односно да ја заменат нивната веб технологија со технологијата која што се користи во Chrome прелистувачот, односно отворената Chromium и Blink. Исто така, прелистувачот стана многу поедноставен тргајќи ги сите додатни сервиси кои што беа дел од него, како email, chat и слично, ставајќи го во преден план сурфањето.

По заминувањето од Opera, Tetzchner ја отвора новата компанија со која што работат на развојот на Vivladi веќе година и пол.

Според Tetzchner, новиот Vivaldi е направен токму за корисниците кои што беа задоволни од стариот Opera и сите додатни функции и сервиси кои што беа дел од него. Исто така, тој истакнува дека Vivaldi е наменет за напредните корисници кои што сакаат да користат прелистувач кој што им нуди нешто повеќе без потреба од инсталирање на додатоци.

Vivaldi за технологија на која што ќе работи ја користи исто така таа од Chromium проектот, па може да се очекуваат добрите перформанси на кои што се научени корисниците на Chrome. Меѓутоа тука завршува секоја сличност со овој проект.

Vivaldi доаѓа со следните карактеристики, односно функции:

  • Можност за избор на позицијата на табовите на сите страни од екранот
  • Промена на боите на горната лента и табовите зависно од бојата која што преовладува на веб страната која што е отворена
  • Можност за редење на купче, односно еден врз друг на повеќе табови со што се овозможува подобра организација за корисниците кои што имаат обичај да отвораат поголем број на табови

vivaldi-sc-1

  • Лента на левата страна на која што се поставени омилените страни, email, chat и белешки
  • Quick Command функција која што се активира со притискање на Ctrl + Q и која што овозможува извршување на одредени работи со нивно впишување наместо користење на маусот

Иако е се’ уште во бета верзија, прелистувачот делува скоро завршен и слободно може да се користи за секојдневното сурфање. За понатамошниот развој најавена е поддршка за инсталирање на додатоци, како и лента за омилените страници.

Моментално од горенаведените функции, email и chat уште не се пуштени во оваа верзија, а на нив се работи за пуштање во некоја од идните верзии.

Прелистувачот е достапен за десктоп платформите од самиот почеток, односно достапен е за Windows, Linux и Mac корисниците. Можете да го симнете преку следниот линк.

Симнете го Vivaldi прелистувачот

Претходна статијаРасте продажбата на Lumia телефоните, Surface таблетот супер популарен
Следна статијаНови li-ion батерии со кевлар ќе бидат потенки и побезбедни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.