whatsapp-wp-f

За време на изминатиот викенд WahtsApp апликацијата беше тргната од продавницата за апликации на Windows Phone платформата. Корисниците кои што ја имаат симнато и ја користат апликацијата, тоа можат без проблеми да продолжат да го прават. Но, доколку сакате да почнете да ја користите, односно да ја симнете, истата веќе не може да се најде во продавницата, а доколку најдете линк од неа, ќе пишува дека вашиот уред не е компатибилен со апликацијата. На веб страната на Windows Phone продавницата апликацијата може да се најде, но на неа пишува дека таа веќе на е објавена во продавницата.

Да ве потсетиме, WhatsApp беше купена од страна на Facebook при крајот на Февруари за 16 милијарди долари. Поради тоа што никакво објаснување на беше официјално пуштено по тргањето на апликацијата од продавницата, порталот WPCentral има пробано да добие одговор од Facebook, но и од Microsoft. Од одговорот кој што го има добиено од страна на тимот кој што работи на WhatsApp, апликацијата е тргната од продавницата нарочно, односно тргната е поради технички проблеми и ќе биде вратена кога истите ќе бидат исправени. Корисниците кои што веќе ја користат апликацијата, за сега би требало да може да продолжат да ја користат, а тимот на WhatsApp работи со Microsoft за отстранување на проблемите.

„За жал, поради технички проблеми, моравме да ја тргнеме WhatsApp Messenger на Windows Phone платформата. Работиме блиску со Microsoft да ги решиме проблемите и се надеваме дека ќе ја вратиме во продавницата набрзо. Се извинуваме на нашите корисниците за привремените непријатности.“

Дали некој од вас е корисник на WhatsApp на Windows Phone и дали се соочува со одредени проблеми ?

Извор: WPCentral

Претходна статијаТужба против Apple, пораки испратени од iMessage не стигаат до корисници на Android
Следна статијаИграјте со рубиковата коцка на главната страна на Google
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.