Кинеските производители веќе одреден период претставуваат телефони кои доаѓаат со доста голем капацитет на батеријата, капацитет кој порано можеше да се добие само преку надворешните батерии, односно „power banks“.
Ова е резултат на користењето на нова технологија за батерии, која овозможува поголема густина, односно повеќе енергија во истиот простор, а технологијата користи комбинација од силициум и јаглерод наместо литиум.
Познатиот Маркез Браунли објава видео со наслов „Проблемот со овие батерии за смартфони“ преку кое се обидува да објасни зошто Samsung, Google и Apple сѐ уште не ја користат оваа технологија.
Видеото можете да го погледнете во продолжение.







































