zdnet-google-groupasuschromestickv1-11000 copy

Google претстави неколку нови уреди кои работат на Chrome OS преку производителите на хардвер, меѓу кои новите лаптопи со екрани на допир и ултра ниски цени, новиот десктоп „се во едно“ компјутер на Acer, исто така со екран на допир, како и исклучително малиот Chromebit компјутер, кој е голем колку еден USB стик.

Но, со овој мал компјутер Google на размислува само на намалување на димензиите, бидејќи идејата е истиот да се користи на поголемите дисплеи, како на пример телевизорите. За таа цел, стикот има HDMI излез, со кој лесно може да се поврзе со секој HD телевизор и да го направи своевиден компјутер со Chrome OS оперативен систем. Интересно решение е можноста HDMI излезот да се заврти, како уредот не би штрчел од телевизорот. Chromebit може да се поврзе со тастатура и маус, безжично или преку USB и да овозможи лесно сурфање, односно користење на апликации (Chrome OS и наскоро Android) на големиот екран.

GG3A6533_bit2-932x621

Сепак, денешните телевизори веќе имаат “Smart” опции, како на пример користење на апликации оптимизирани за голем екран, но сепак ова е вистински оперативен систем, на кој реално може да се заврши и некоја работа, како на пример да се напише некој документ, односно да се направи и презентација.

Според тоа, оние кои би имале најмногу корист од еден ваков стик би биле студентите, бидејќи малите димензии ќе овозможат да биде исклучително пренослив, додека HDMI поврзливоста му овозможуваат да се приклучи на скоро секој понов дисплеј, односно проектор.

Исто така, не смее да се заборави дека цената на уредот ќе биде исклучително ниска, односно како што ветуваат од Google, под 100 долари, што е навистина евтино и достапно, особено за студентите во земјите во развој.

Google Chromebit е инаку опремен со Rockchip 3288 квад-кор процесор, ARM Mali 760 графичка карта, има 2 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци. Поврзливоста е добро покриена со еден USB 2.0 влез, како и Wi-Fi и Bluetooth конекција.

Извор: Wired, ZDNet

Претходна статијаAcer лансираше „се во едно“ десктоп со Chrome OS и екран на допир
Следна статијаCloud од Ричард Кларксон – Личен облак-светилка за по дома