project-ara

Според најавите првиот телефон од Project Ara треба да биде претставен во Јануари 2015, а до тогаш програмерите и производителите имаат пристап до проектот и можност да развиваат нивни додатоци. Да потсетиме, Project Ara е концепт за паметен телефон, започнат од страна на Motorola, а потоа преземен од страна на Google во соработка со Phonebloks, кој што овозможува надградба на телефонот со нови компоненти лесно поради нивната поставеност на надворешната страна од уредот како посебни модули.

Се работи за интересен концепт кој што дефинитивно ќе го примени начинот на кој што се користат паметните телефони во иднина. Со неговиот развој се очекуваат интересни додатоци од страна на развивачите кои што ќе ја зголемат корисноста на телефоните. Еден таков додаток, кој што е се’ уште во фаза на дизајн, е Flippypad, контролер за игри кој што би се прикачувал на телефонот како и другите посебни модули. Како што можете да видите од сликата, Flippypad се поврзува од страната на уредот, ги вклучува сите потребни копчиња достапни на ваквите контролери на играчките конзоли, па дури и задните копчиња за додатни функции. Концептот е направен од страна на дизајнерот на производи Samuel Herb и навистина го покажува потенцијалот на Project Ara.

flippypad-940x519

Дали овој концепт или сличен ќе стане реалност, односно некој ќе се нафати да го произведе ќе дознаеме во наредните години, но доколку Project Ara стане масовно користен концепт, само прашање на време е кога тој ќе го привлече вниманието на гејминг производителите.

Извор: Ubergizmo

Претходна статијаНовото Start мени ќе биде достапно од оваа есен?
Следна статијаNokia официјално дел од Microsoft на 25 Април
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.