visiontek_pocketssd_all-100633708-large

Мемориските стикови се користат се помалку – нив се очекува да ги замени Cloud просторот за складирање податоци онлајн. Сепак, овие стикчиња за кои ќе пишуваме тука не се обични – имаат голем капацитет и нудат исклучително високи брзини за вчитување и впишување на податоците, што ги прави конкурентни на надворешните HDD дискови.

Благодарение на тоа, со овие стикчиња ќе можете да префрлите големи датотеки, како на пример филмови во 4K резолуција за околу една минута, што е стотици пати побрзо доколку тоа пробате да го направите на Cloud простор, или пак неколку пати побрзо во однос на обичните стикови. Причината е секако што се работи за SSD дискови, кои се 10-тина пати побрзи од оние во стандардните USB стикчиња.

VisionTek-USD-SSD-back-side

За да се извади максимум од брзината на дискот, стикчињата на VisionTek секако ќе се поврзуваат преку USB 3.0 интерфејс, а ќе бидат достапни во капацитети од 128 (90 долари), 256 (150 долари)и 512 GB (280 долари). Брзините на вчитување на податоците од овие дискови (кога ќе префрлате датотеки од нив на вашиот компјутер) се 450 MBps, додека брзините на впишување (кога ќе префрлате од компјутерот на USB стикчето) се 155 MBps. Всушност, главно ограничување за брзините е погоре споменатиот USB 3.0, кој иако брз, не е доволен за еден SSD диск.

Сите модели се изработени од цврст алуминиум, кој треба да ги заштити скапите внатрешни компоненти, но уште поважно, Вашите драгоцени податоци. Што секако е причина повеќе да ги изберете нив, пред големите и бавни надворешни HDD дискови.

VisionTek-USB-SSD-connector-end

Извор: PCWorld, The SSD Review

Претходна статијаAsus го претстави ZenFone Zoom, најтенкиот смартфон со оптички зум на камерата
Следна статијаMicrosoft го основа Microsoft Philanthropies со цел да помогне за технолошката достапност