ps4

Што следува по претставување на Xbox One со 1 TB диск? Sony Playstation 4 со 1 TB диск, секако. Јапонскиот производител реагираше многу брзо и наскоро во продавниците ќе може да се купи и нивната конзола со многу повеќе простор за складирање игри и податоци.

Иако на E3 настанот за претставување на најновите игри, играчки конзоли и гејмерски компјутери, Xbox претстави повеќе новитети, конзолата на Sony се уште се продава подобро и е поуспешна на пазарот.

Главната причина за ова се малку помоќните компоненти, но исто така и достапноста на повеќе и подобри ексклузивни игри, кои се наменети само за таа конзола. Исто така, за многумина подеднакво важно, конзолата на Sony има помали димензии и генерално, подопадлив дизајн.

Со претставувањето на модел со повеќе простор за складирање, Sony секако ќе се обиде да се задржи на највисоката позиција на пазарот, иако тоа станува се потешко. Покрај тоа, новиот модел сега ќе биде 10% потенок и 8% полесен, а ќе има и поубав, мат финиш во горниот дел.

Sony ја надгради и апликацијата за Android и iOS (за Windows Phone нема, што и не е изненадување) и сега таа вклучува можност за внесување на промотивни кодови, што значи дека за истото нема веќе да има потреба да се вклучи самата конзола.

Извор: Engadget

Претходна статијаПознати спецификациите за новиот Moto G?
Следна статија„Најтенкиот часовник на светот“ – поука околу неуспешните кампањи за колективно финансирање