Thunderbolt е стандард за поврзување на периферни уреди развиван од страна на Intel. Првата верзија е претставена во 2011 година, а минатата година беше претставена новата генерација, односно Thunderbolt 2. Стандардот вклучува посебно направен кабел чии што конектори се истите од mini DisplayPort приклучокот.
На годинешниот NAB настан, Intel претстави нова можност која што ја вклучува во Thunderbolt 2 стандардот и истата ја нарекува Thunderbolt Networking. Оваа нова функција ќе овозможи поврзување на два компјутери користејќи го овој кабел, па така можно е поврзување покрај на два Mac компјутери, исто така и нивно поврзување со PC, а и поврзување на два PC компјутери. Драјверите за PC компјутерите сепак нема веднаш да бидат достапни, меѓутоа од Intel нагласуваат дека и тие ќе бидат многу брзо достапни за корисниците. Брзината на пренос на податоци помеѓу два компјутери ќе биде 10 GbE, што овозможува пренос на големи податоци за многу кратко време.
Во продолжение можете да погледнете кратко демо на штандот на Intel на NAB настанот, снимено од страна на Engadget порталот.
Извор: Engadget