Intel веќе најави дека развива слушалки кои што ќе вклучуваат сензори кои што ќе им додадат фитнес карактеристики на почетокот од оваа година. Сега истите се направени од страна на SMS Audio, компанијата на познатиот Curtis “50 Cent” Jackson, во соработка со Intel. Слушалките, наречени BioSport In-Ear Headphones, ќе бидат достапни до крајот на оваа година, а цената ќе биде дополнително одредена.
BioSport доаѓаат со посебен дизајн кој што треба да овозможи удобно поставување во увото, а исто така намалување на шансите за нивно паѓање. Ова е важна карактеристика поради тоа што тие се наменети за фитнес корисниците, па треба да бидат погодни за користење при трчање и слични активности.
Исто така тука е и сензорот кој што го мери пулсот на корисникот, а информациите ги споделува моментално со една апликација, RunKeeper, која што веќе е позната кај корисниците. Слушалките потребната енергија ја добиваат од портата за слушалки на уредот, па поради тоа не е потребно користење на батерии или други извори на енергија.
Слушалките се отпорни на вода, што треба да ги заштити од оштетување при вежбање кое што обично е пропратено со потење, барем доколку се прави како што треба.