USB-C-590x330

При крајот на минатата година беше најавен нов USB кабел, наречен Type-C кој што ќе биде прва посериозна промена во стандардот кој што не опфаќа само зголемување на брзината на пренос на податоци. Овој нов кабел нема да работи на старите порти на уредите, односно новата порта ќе почне да доаѓа вклучена со новите уреди.

Она што можеби најмногу ќе им се допадне на корисниците кај USB Type-C е тоа што конечно овие кабли ќе може да се приклучат од било која страна. Тоа значи дека веќе нема да биде важно која страна од кабелот се обидувате да ја приклучите, затоа што е двете страни ќе биде исти, а исто така и самиот конектор ќе биде симетричен, па и неговото вртење ќе биде минато. Ретко на кој од вас му се случува, освен ако убаво на ја провери страната, да од првиот обид успее правилно да ја погоди страна од USB кабелот и веднаш да го вклучи.

USB

Новиот USB кабел ќе има конектор кој што е помал од досегашните, односно ќе биде со големина слична на microUSB конекторот кој што се користи во мобилните телефони и слични уреди. Покрај променетиот дизајн тој ќе доаѓа и со поддршка за брзина на пренос на податоци до 10 Gbps со USB 3.1 стандардот. Треба да биде претставен до Јуни оваа година, а сега може да се видат првите слики од тоа како ќе изгледа овој нов кабел, како и новата порта на уредите. Изгледот на кабелот може да претрпи одредени промени до неговото официјално претставување, меѓутоа овој изглед е во основа доволен за да добиете претстава за што се работи.

Претходна статијаWindows ќе биде бесплатен за производителите на уреди помали од 9 инчи
Следна статијаMicrosoft ја прикажа модерната верзија на Office за Windows 8
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.