rolluptvis18

LG оваа недела претстави два нови ТВ панели со кои што покажуваат во кој правец ја развиваат нивната технологија и што може да се очекува од нив во иднина. Во последно време видовме доста таканаречени флексибилни панели кои што во основа се само заоблени до одреден степен, меѓутоа немаат можност за менување на истата.

Еден од панелите кои што го претстави компанијата е вистински флексибилен со можност за превиткување до тој степен што може да формира цилиндар со радиус од 3 сантиметри, без притоа да биде нарушена неговата работа. Панелот е со големина од 18 инчи и со HD резолуција од 1200 x 810 пиксели, што не претставува голема резолуција кога ќе се спореди со повеќето нови модели. Панелот е направен од слој од полиимид, наместо од стандардно користената пластика, кој што му овозможува истиот да биде потенок, како и многу пофлексибилен.

1-rolluptvis18

Вториот панел претставен од LG е исто така 18 инчен, но во овој случај транспарентен панел. Овој панел овозможува три пати поголемо пренесување на светлината од другите вакви панели, односно 30%. Кај овој панел од компанијата нагласуваат дека успеале да го намалат ниво на замагленост на сликата до ниво од 2%.

Двата панели се направени во OLED технологијата и од LG најавуваат дека во иднина од нив може да се очекува да претстави производи со флексибилни и транспарентни екрани со големина од 50 инчи, па и повеќе.

Извор: Engadget, Phys, LG

Претходна статијаLouise, персонален асистент од Microsoft развиван пред Cortana
Следна статијаПарализиран пациент успешно ги мрда прстите на раката со неговите мисли
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.