f78224a8-e16f-42ef-a9f1-d3ce6063e6ab-620x372

Бидејќи е еден од најтенките лаптопи на денешницата, најновиот MacBook го нема стандардниот тачпад со клик механизам како тој на моделите Air и Pro, туку има целосно нов тачпад систем, кој работи на притисок и кој имитира кликање, но отвора и многу други можности за работење со оперативниот систем.

Всушност, новата технологија за допир на Apple не само што отвора нови можности кај компјутерите, туку може да се вгради и во новиот iPhone и да го направи многу покорисен, особено при долго пишување, или пак користење во игри и слични апликации.

Новиот тачпад е едно цело парче стакло, кое не се движи воопшто, исто како екраните кај мобилните телефони. Допирот е капацитивен, што значи дека може да го регистрира и најлесното допирање со прстот. Сепак, она што го прави уникатен новиот тачпад на Apple се сензорите кои препознаваат различни нивоа на притискање со прстот. Така, со малку посилно притискање на површината, се активира клик на маусот, а со уште посилно притискање може да се активираат и други команди, како на пример отворање мало прозорче со локација на мапата на некоја адреса на интернет, или пак можност за премотување на некое видео напред или назад.

cd567767-b4fe-4cba-8117-1f61c3f7949b-620x372

Но, како ќе почувствува корисникот дека кликнал на тачпадот? За тоа е вграден посебен механизам кој треба да направи корисникот да го почувствува кликањето. Се работи за посебно електро – моторче, кое буквално враќа на секое посилно стискање на површината и го лаже мозокот дека прстот всушност кликнал на некое копче. А убавината на ова моторче, кое Apple го нарекува “Taptic Engine” е што враќа со различна сила, зависно од притисокот на стискање, нешто што не може да се постигне ниту со нормален тачпад со кликање.

За разлика од овој систем, многу производители, како имитација на кликање, го користеа моторчето за вибрации во паметните телефони, кое иако помага, секако не успева целосно да го замени стариот и добар физички клик на копче. Првите јавувања на новинарите кои можеа да го пробаат, е дека е многу подобар отколку што очекувале, но дека и натаму не може целосно да го замени физичкиот клик.

Да потсетиме, новиот MacBook е еден од најтенките и најлесни денешни лаптопи, пред се благодарение на користењето на новата Core M серија на процесори на Intel кои не бараат ладење, но и на новите технологии, како овој тачпад, или батеријата која е изработена во повеќе слоеви, кои се доближени поблизу еден до друг.

Apple Event

Извор: The Guardian

Претходна статијаQualcomm Snapdragon 820 сега и со вграден силиконски мозок
Следна статијаInfinit – сега и со верзија за Windows