tiff-ad-landscape-v1-backup

Можеби на оваа порано навистина успешна компанија денес на им оди баш најдобро, сепак со најавата за претставување на телефон кој што ќе работи на Android, во најмала рака се повторно интересни за следење.

За сега официјално наречениот BlackBerry Priv можевме да прочитаме многу информации, па добро е што дојдовме до официјалната фаза, па можеме да ги видиме карактеристиките на уредот.

Истиот од оваа недела стана достапен за пред нарачка во САД, Канада и Британија и корисниците ќе можат да го купат по цена од 699 долари, се разбира отклучен. Карактеристиките кои што сега се официјални, како и цената, го ставаат во високата класа, па ќе биде интересно да се види дали ќе успее да ги привлече корисниците.

Официјално, BlackBerry Priv ќе доаѓа со следните карактеристики:

  • 4 инчен двојно превиткан (dual-curved) AMOLED екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели
  • 64-битен Qualcomm Snapdragon 808 шесто јадрен процесор (Dual-core 1.8 GHz Cortex-A57 и Quad-core 1.44 GHz CortexA53) и Adreno 418, 600MHz графички процесор
  • 3GB RAM меморија и 32GB меморија за складирање на податоци со можност за проширување со microSD картичка до 2TB
  • Задна камера со 18 мегапиксели и оптичко стабилизирање на сликата, HDR, 4К видео и повеќе
  • Предна камера со 2 мегапиксели
  • 3410 mAh батерија
  • Детална листа на карактеристиките

Како што веќе можевме да видиме, овој Android телефон од BlackBerry ќе го издвојуваат две карактеристики. Едната е познатата тастатура која што беше дел од старите модели. Истата ќе се лизга од под екранот и корисниците ќе можат да ја користат за пишување и целосно да го користат екранот, а исто така доаѓа и со можноста за користење како курсор.

Втората работа која што треба да го издвои овој телефон се функциите за заштита на приватноста, нешто по што беше позната оваа компанија порано. За таа намена ќе биде вклучена апликација наречена DTEK™ by BlackBerry® for Android™. Оваа апликација ќе го известува корисникот за можните нарушувања на приватноста, ќе дава оценка на уредот од аспект на приватноста, а ќе нуди и можност за избор на тоа кои апликации ќе можат да ги користат ресурсите на уредот како микрофон, камера и слично.

Извор: BlackBerry, Engadget, PCWorld

Претходна статијаАвтопилот системот на Tesla одобрен за интернационална употреба
Следна статијаВработени во Google живеат – во Google?!
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.