Времето кога за нов модел од телефоните се размислуваше на неколку години веќе не се ни сеќаваме кога беше. Во денешно време производителите вадат нови модели на секои 6 месеци, а тоа стана вистинска борба за останување на врвот од листата на продадени уреди.

За новите модели од Samsung, Galaxy S9 и S9 Plus веќе можеме да прочитаме повеќе информации, како што е обичајот со ближењето на датата на претставување. Како и секоја година, Samsung ги претставува S моделите во првата четвртина од годината, со таа разлика што минатата година ги претстави на границата, односно во март.

За оваа година веќе неколку пати се шпекулира за тоа кога ќе бидат претставени новите модели, а од компанијата немаат официјален одговор. Она што знаеме е дека тие ќе сакаат тоа да биде што побрзо, меѓутоа без оставање простор за проблеми како што беше случајот со Note 7.

Според извори на Bloomberg, Samsung планира да ги претстави S9 моделите на крајот од февруари, за време или околу MWC настанот, како што тоа го правеше порано. Продажбата на уредите се очекува да започне во март, што во споредба со минатата година е месец дена порано.

Главната причина за „брзањето“ во главно е конкуренцијата со Apple и нивниот iPhone X. Што побрзо излезе Samsung со нов модел кој ќе понуди нешто ново, толку повеќе ќе влијае на запирање на моментумот на продажба на iPhone.

Она на кое најмногу се надеваат корисниците за новите S9ки е вградувањето на читачот за отисоци од прстите на предната страна, под екранот. Досега не беше сигурно дали оваа технологија е конечно развиена, меѓутоа очекувањата се подгреаја со почетокот на производство на ваков сензор од страна на Synaptics.

Иако претставувањето на нови модели се случува се почесто, тоа направи да новините кои се претставуваат се помали. На крајот, вистинските разлики помеѓу моделите се повторно на година до две, па корисниците можат слободно да чекаат 2-3 модели пред обнова на нивниот смартфон.

Извор: Bloomberg, T3

Претходна статија„И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“ – нова кампања на РСБСП
Следна статијаШто најмногу пребарувале корисниците во светот на Google во 2017
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.