droid-turbo-2-front-and-back-100624161-large

Gorilla Glass стаклото кое се вградува во повеќето паметни телефони е навистина отпорно на гребење, но само едно помало паѓање може многу лесно да го распука. Motorola има нов телефон од високата класа, кој има целосно ново стакло отпорно на кршење, дури и ако ви падне на плочки или бетон од еден до два метри висина!

Стаклото на новиот Droid Turbo 2 има специјален заштитен слој кој ја зголемува еластичноста на дисплејот и буквално не му дозволува да пукне при паѓање на телефонот. Од Venture Beat веќе го ставија ова ново стакло на тест и по неколку фрлања на бетон не успеаја да го скршат.

Настрана 3D Touch на Apple, според мене ова е најголемата иновација во мобилната индустрија годинава! Да се надеваме дека и другите производители брзо ќе почнат да ја применуваат ваквата технологија во своите телефони.

Покрај супер цврстото стакло, Turbo 2 се разликува од другите модели во класата по турбо полнењето на батеријата – Motorola ветува 13 часа користење само со 15 минути полнење. Батеријата пак трае 48 часови со едно полнење, што е исто така извонреден резултат.

Останатите спецификации се исто така импресивни – 5,4 инчен екран со quad HD резолуција, Qualcomm Snapdragon 810 процесор, 3 GB рам меморија, 32 GB простор за складирање податоци (достапен и модел со 64 GB) со можност за проширување преку micro SD картичка, задна камера со сензор од 21 мегапиксел и предна со 5 мегапиксели, како и Android Lollipop 5.1.

droid-turbo-2-front-and-back-1-100624170-large

Според се ова што го кажавме досега, Motorola Droid Turbo 2 се чини како телефон од соништата – брз, со долго траење на батеријата и со екран кој не може да се скрши. Сепак, има едно „ама“, а тоа е дека ќе биде достапен само со договор на Verizon мрежата во САД, односно дури и да го увезете, нема да работи на нашите мрежи.

Истото важи и за Motorola Droid Maxx 2, телефон од средната класа, кој има 5,5 инчен дисплеј со Full HD резолуција, Snapdragon 615, 2 GB рам, 16 GB простор со micro SD, батерија која трае 48 часа и истите камери како помоќниот Droid Turbo.

Извор: PC World, Venture Beat

Претходна статијаДомашен сензор за загаденост на воздухот
Следна статијаПЕТ одлични кратки СФ раскази на кои вреди да потрошите 10 минути од вашето време