iPhone-5se-6c-02

Веќе подолго време се најавува враќањето на iPhone со големина на дисплејот од 4 инчи, но досега тоа не се оствари. Сепак, нови извори велат дека не само што уредот ќе го доживее светлото на денот, туку ги имаат и првите фотографии од уредот.

Потегот на Apple е очекуван – вака ќе можат да понудат поевтина верзија на најпопуларниот смартфон на планетава, а воедно и ќе ги адресираат поплаките на корисниците на постарите модели, како iPhone 5S, кои едноставно не сакаат поголем телефон.

Новиот модел веројатно ќе ја има стандардната Retina резолуција на iPhone 5S, но нема да има 3D Touch. Исто така, дизајнот ќе биде ист како кај новите модели, само со помали димензии – нешто во стилот на руските кукли „Матриошка“, сите iPhone-и ќе бидат исти, само со различни димензии.

iPhone-5se-aka-6c-allegedly-photographed-next-to-an-iPhone-5

За разлика од поголемите модели, iPhone 5se веројатно ќе има Apple A8 процесор, придружен од M8 процесор за движење, кој овозможува прецизно мерење на чекорите и останати параметри при движење.

Настрана малку послабиот процесор, помалиот модел ќе ги има сите останати фуннкции, ќе ја има можноста за Apple Pay плаќање преку NFC, Touch ID сензорот за читање на отпечатоци на прстите и Live Photos живите слики, кои беа претставени со новите модели.

Камерите исто така ќе имаат помала резолуција – задната камера ќе има 8 мегапиксели и ќе може да снима само Full HD видео (нема доволно резолуција за 4K Ultra HD), додека предната камера има 1,2 мегапиксели.

И овој модел на iPhone ќе биде понуден во четири бои – сребрена, вселенско сива, златна и розево златна, а ќе чини 449 долари – 200 долари помалку од iPhone 6S. iPhone 5se треба да биде претставен во Март годинава и веднаш после тоа да почне со продажба (се разбира доколку информациите се покажат како точни).

Извор: TechnoBuffalo, PhoneArena, GSMArena

Претходна статијаIntel ги објави плановите за новите процесори со големина на транзисторите од 10 nm
Следна статијаKeyMission 360 е првата акциона камера од Nikon – Доаѓа со можност за виртуелно видео