Press-release-Overlay-18b22c9d77de437cdf6b4ba84ff436a8 copy

Јапонскиот производител ја проширува понудата на Xperia телефони со два нови модели, кои треба да ги пополнат местата под Z серијата. Нудат одлични спецификации и доаѓаат во големина од 5, односно 6 инчи.

Помалиот телефон, Xperia M5, има дисплеј со резолуција од 1920х1080 пиксели, што е одлична бројка за класата во која се наоѓа. Телефонот може да се пофали со особено моќен чипсет – Mediatek со осум јадра кои работат на 2.0 GHz, помогнати од 3 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка.

02_M5_gold_group

Батеријата има капацитет од 2600 mAh, што е во рамките на класата, додека како и многу други модели на Sony и овој е отпорен на вода по IP65/68 стандардот. Главен адут на Xperia M5 се сепак камерите – задната има целосно нов сензор од 21,5 мегапиксели и оптичка стабилизација, додека предната камера има 13 мегапиксели.

M5_gold_sidehoriz-7c1688c815a6e9aac1047b8df71e46d3-605x198 copy

Вториот претставен телефон, Xperia C5 Ultra, има огромен дисплеј со 6 инчи и резолуција од 1920х1080 пиксели. Дизајнот го карактеризира исклучително мала рамка од страните, која придонесува за помали димензии во однос на другите телефони со толкави екрани. Сепак, главен адут на Xperia C5 Ultra е селфи камерата, која има 13 мегапиксели, исто како и задната и леќа со широк агол (22 mm), како и посебен блиц. Ова, според Sony, е доволно за најдобри селфија во класата.

Xperia-C5-Ultra

Во внатрешноста, компонентите на C5 Ultra не се на нивото на M5, но процесорот со осум јадра на Mediatek кои работат на 1,7 GHz, веројатно е доволен за мазна работа во оперативниот систем. Чипсетот вклучува и 2 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка. Батеријата има капацитет од 2930 mAh.

c5 ultra-970-80

И двата телефони ќе имаа вграден Android Lollipop 5.0, со можност за понатамошни надградби. Достапни ќе бидат модели со LTE 4G конекција, како и dual SIM изведби.

Извор: Tech Radar, Mashable

Претходна статијаMr. Robot: Првични импресии
Следна статијаЕве ја првата фотографија од новите Samsung Galaxy Note 5 и Galaxy S6 Edge Plus