ara-concept

Како што се ближи крајот на развојот на првиот Project Ara телефон кој што е најавен за идната година, изгледа ќе почнеме да гледаме појавување на конкуренти на овој навистина интересен и можеби револуционерен концепт.

Да ве потсетиме, концептот на Project Ara телефонот е да тие може да се користат многу повеќе години од сегашниот просек преку менување на компонентите како што е процесорот, камерата, батеријата, RAM меморија и слично. За таа цел телефонот е направен како еден вид на рамка на која што се поставуваат сите посебни модули. Модулите ќе може специјално да се нарачуваат од Google, но и други производители кои што ќе се приклучат на проектот.

Оваа недела е најавено почнување со работа на уште еден модуларен телефон и истиот е наречен Vsenn. Информациите кои што моментално се објавени се многу малку и може само да се добие претстава за што се работи. Како што може да се прочита на страната од проектот, тој е основан од поранешен проект менаџер од Nokia X телефоните кои што работат на Android.

За разлика од Project Ara кој што треба да биде што повеќе отворен и на корисниците да им овозможи менување на што повеќе компоненти, Vsenn ќе има можност за промена на три, односно батеријата, камерата и процесорот/RAM меморијата. Можеби ова делува како ограничување, но може да се каже дека тоа се главните компоненти кои што можат да направат одреден уред да продолжи да се користи.

Vsenn ќе работи на основната верзија од Android оперативниот систем и ќе доаѓа со гаранција за надградби до 4 години. Корисниците исто така ќе може да ја менуваат задната маска на телефонот со што ќе добијат поголема можност за менување на изгледот.

Од Twitter профилот на Vsenn може да се види дека уредот ќе доаѓа со 4,7 инчен екран со Full HD резолуција и густина на пикселите од 468,7 ppi.

Една од главните карактеристики на Vsenn треба да биде безбедноста, па така тој ќе доаѓа со трослојна енкрипција, бесплатен VPN пристап, како и пристап до сигурен Cloud сервис.

Моментално ова се информациите кои што се објавени за уредот и како што гледате се прилично општи, односно не е истакнато кој ќе ги прави модулите, кои се сигурните сервиси и слично.

Извор: Engadget, Android Central

Претходна статијаПрвиот Microsoft Lumia телефон ќе биде претставен идната недела
Следна статијаЗапознајте се со Onyx – новиот изглед на токи-вокито
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.