ZTE-Axon-7-796x377

Денес скоро сите смартфони од средната класа па нагоре се прилично моќни уреди, кои можат да ги задоволат потребите на најголемиот број од купувачите. Сепак, секогаш се наоѓа по нешто што ќе фали – на пример има телефони со одлични дисплеи и камери, но кратко траење на батеријата и сл.

Кинескиот ZTE има план да развие нов паметен телефон, во кој ќе учествува јавноста. Имено, во развојниот процес ќе може да учествува секој – на пример при изборот на процесорот ќе има гласање, при изборот на камерата ќе има гласање итн. Оние компоненти кои ќе добијат најголем број на гласови ќе бидат вградени во телефонот. Ова е нешто слично на Kickstarter кампањите, но наместо пари, ZTE ќе ги бара вашите идеи и потреби.

Проектот се вика CSX и во почеток многу луѓе ќе можат дури и да поднесат дизајни идеи за мобилниот уред. Интересно, од ZTE велат дека уредот не ни мора да биде паметен телефон – може да помине и друга идеја за некој преносен уред, со друг начин на комуникација. Сепак, со оглед на тоа што се бара во светот во моментов, очекувајте Android телефон.

Процесот ќе трае подолго време, веројатно подолго и од стандардниот развој на еден паметен телефон, кој трае околу една година, па не очекувајте овој уред да го видите брзо на пазарот. Сепак, барем ќе бидеме сигурни дека кога ќе дојде, ќе биде уред кој нема да биде развиен од инженери кои мислат дека знаат што сакаат купувачите, туку од самите купувачи, што ќе го направи прилично интересен играч на пазарот.

Извор: The Next Web, The Verge, NDTV

Претходна статијаПрво видео од функционален iPhone 7
Следна статијаНовите модели од S серијата на Samsung ќе доаѓаат само со Edge верзија