nvidia_geforce_gtx_750-100246315-orig

GeForce GTX 750 и GeForce GTX 750Ti се првите графички картички од средната класа на Nvidia, базирани на Maxwell архитектурата. 50 отсто се побрзи од претходнaта Kepler архитектура, a оваа, нова архитектура нуди подобра ефикасност, со што перформансите по едно јадро се пораснати за дури 135 отсто.

Што се однесува до хардверските спецификации, GeForce 750Ti е базирана на 28-нанометарскиот графички процесор GK107 од Maxwell генерацијата со работен такт од 1020 MHz. Поседува 640 CUDA јадра, мемориска пропустливост од 86,4 GB/s, а мемориската собирница е широка 128 бита. Максималниот TDP (thermal design profile) би требало да изнесува само 60 W.

maxwell_control_logic-100246317-orig

Компактната големина на новата GTX 750 Ti картичка (14,5 cm) значи дека супер ќе се „вклопи“ и во помалите PC куќишта, без потреба од интерен конектор за напојување, некое напредно и ѕверско напојување и со самото тоа, поголеми трошоци за енергија.

Инаку, корисниците може да избираат помеѓу две верзии на 750Ti моделот, и тоа со 1 GB GDDR5 RAM (140 долари) и 2 GB GDDR5 работна меморија по цена од 150 долари. Наскоро GeForce GTX 750 моделот би требало да биде достапен, а знаеме дека ќе има 512 CUDA јадра и ќе чини околу 120 долари.

maxwell-specs-100246316-orig

Картичките ги поддржуваат сите понови технологии кои доаѓаат од Nvidia, меѓу кои и ShadowPlay апликацијата која го користи вградениот H.264 енкодерот за снимање на вашиот прогрес во игритe и да го пратите снимениот материјал на Twitch, веб-сервисот специјализиран за видео гејминг материјали. Да не ја заборавиме и можноста за стримување на содржината на Nvidia Shield конзолата, а тука е и G-Sync технологијата која ја синхронизира фреквенцијата на освежување на екраните со онаа (природната) фреквенција од графичката картичка која е потребна за фино извршување на работите – пишување, дизајнирање, или пак, играње.

Претходна статијаГледајте го претставувањето на Samsung Galaxy S5 и Gear паметните часовници
Следна статијаStephen Elop ќе биде поставен на чело на секторот каде припаѓа Xbox