Nvidia на почетокот од годината на CES2014 конференцијата го претстави својот нов SoC (system on a chip) процесор наменет за мобилните уреди. Наречен Tegra K1 овој процесор е еден од најдобрите процесори за мобилните уреди, а вклучува и графички процесор кој што треба да овозможи графички перформанси кои што можат до некаде да се носат со тие кај играчките конзоли. Графичкиот процесор вклучува 192 процесирачки јадра и е базиран на Kepler архитектурата која што се користи кај графичките картички за десктоп компјутерите од оваа компанија. Ова покрај другото значи и дека K1 процесорот има поддршка за CUDA и DirectX 11.
Како што беше најавено, 32-битната верзија стана достапна во првата половина од оваа година, а 64-битната беше најавена за втората. Оваа недела, Nvidia ја најавија втората верзија, односно 64-битната, од овој процесор. Од компанијата изјавуваат дека процесорот е првиот 64-битен ARM процесор наменет за Android уредите. Доаѓа со две Denver јадра кои што работат на фреквенција до 2,5 GHz и се направени на ARMv8 архитектурата. Оваа верзија исто така доаѓа со 192 Kepler процесирачки јадра и е најавен како процесор кој што ќе може да се носи со своите перформанси со десктоп процесорите.
Nvidia Tegra K1 64-bit вклучува и 7-way superscalar microarchitecture, 128KB 4-way L1 instruction cache, a 64KB 4-way L1 data cache и 2MB 16-way L2 cache. Denver јадрата доаѓаат и со функција која што од Nvidia ја нарекуваат Динамично оптимизирање на кодот (Dynamic Code Optimization), која што врши оптимизација на често користениот софтвер.
Извор: Nvidia, The Register