2016-02-08-image-7

Ова требаше и да го очекуваме, особено по големиот неуспех на 3D технологијата во смартфоните, како и недоволно елегантното решение со очила, кои да бидеме реални повеќе одземаат од искуството на гледање на филмот, отколку што додаваат, особено ако 3D се гледа на помал дисплеј, на пример телевизор. Да, на 3D телевизорите им дојде крајот.

Во време кога на големо се пропагира VR видео, кое може целосно да го опкружи гледачот, 3D технологијата и нема што навистина да бара – иако има и други причини зошто пропаѓа, како различните технологии и недостаток на стандард меѓу производителите и немањето на квалитетни 3D содржини за гледање, како на пример филмови и серии.

Знакот дека Samsung престанува со лансирањето на нови 3D модели и LG го намалува производството на вакви телевизори, односно 3D ќе се нуди само во премиум моделите од високите класи, е дополнителен знак дека оваа технологија ќе остане во историјата. Исто така, Samsung не планира да вградува очила за гледање 3D во пакет со телевизорот – за оние кои сакаат да гледаат, треба да ги купат дополнително.

Бројките за продажба на 3D телевизори само ги поддржуваат најавите дека тие веќе се завршени – минатата година 40% од продадените телевизори биле 3D, додека оваа година само 20% од телевизорите ќе ја имаат таа можност. Покрај производителите на телевизори и телевизиите, како BBC и Sky на пример, кои имаат специјални 3D канали, планираат целосно да ги згаснат, бидејќи нема доволно содржина за нив.

Што да направите пак Вие доколку сега сакате да купите нов телевизор? Веројатно е подобро да заштедите некој денар и да го купите моделот без 3D можност, бидејќи кај нас веројатно никогаш нема да има 3D телевизии, а исто така и нема премногу достапни 3D филмови за симнување од интернет.

Извор: Tech Spot, IB Times, What Hi-Fi

Претходна статијаAlcatel Idol 4S е нов играч во средната класа спакуван во кутија која овозможува гледање VR
Следна статијаQualcomm претстави нови чипови од средната класа со многу помоќна графика