Screenshot 2014-08-25 12.53.25

LG беше меѓу првите производители кои што претставија паметен часовник кој што работи на посебно изменетата верзија од Android за паметните часовници и слични уреди за носење, наречена Android Wear. Заедно со LG свој паметен часовник претстави и Motorola, кој што доби најголемо внимание и симпатии од корисниците кои што имаа шанса да го видат. Она што беше посебно за часовникот од Motorola е неговиот кружен дизајн, нешто што е карактеристично за обичните часовници, меѓутоа не за паметните кои што сите досега претставени се во форма на квадрат и обично прилично големи.

Од LG оваа недела претставија „teaser“ видео преку кое што најавуваат нов паметен часовник кој што ќе има кружна форма. Часовникот е најавен за претставување на IFA 2014 настанот кој што ќе се одржува во Берлин од 5-ти до 10-ти Септември, односно од идната недела. Се разбира обично од ваквите видеа не може да се види нешто повеќе за дизајнот или карактеристиките на уредот, па освен дека ќе вклучува кружен дизајн, друго ништо не е познато. Како што паметните часовници стануваат полека популарни, добро е да се види дека тие ќе доаѓаат во повеќе форми, со што ние корисниците ќе имаме многу подобар избор.

Извор: Engadget

Претходна статијаИзмерете повеќе информации за вашето трчање со runScribe
Следна статијаGoogle ја купи Gecko Design компанијата, ќе работат на интересните Google X производи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.