ustwo

Инструмент таблата во еден автомобил, односно онаму каде се покажува брзината, бројот на вртежите, температурата (итн.), е еден од деталите каде производителите се отпорни на менување со текот на годините. Причините се многу, но главно е одржување на традицијата и препознатливоста, но и купувачите, кои исто така повеќе се „палат“ на аналогни инструменти, отколку на дигитални.

Ustwo, компанијата која стои зад популарната игра Monument Valley, предлага целосно нова инструмент табла, која ќе се прилагодува според тоа што возачот прави со автомобилот, односно дали вози, дали стои во место, каде е паркиран… Во време кога автомобилите се опремени со секакви сензори и интернет конекција, нема да биде тешко системот да му даде релевантни информации на возачот. На пример, зошто воопшто би покажувал која е брзината на возење, кога автомобилот стои во место? Тогаш системот ќе покажува колку можете да поминете со останатото гориво, на пример. Системот е отворен, што значи и дека корисникот сам може да го измени за неговите потреби.

Lexus-IS_2014_1024x768_wallpaper_8a

Денес, кај многу автомобили, инструмент таблите се сменети со големи дисплеи пред воланот, но и натаму, на нив најмногу простор одземаат аналогните мерачи на брзина и вртежи. Не, ова не се физички мерачи, туку графичка имитација на аналогни мерачи. Бидејќи сум имал можност многу од нив и да ги пробам, во автомобили како Lexus IS300h (на фотографијата), Ford Mondeo или Volkswagen Passat, можам да потврдам дека се корисни и дека прикажуваат повеќе информации, но тоа и натаму не е на нивото кое може да го понуди денешната технологија. Едноставно, имитациите на аналогните мерачи одземаат премногу простор и не го дозволуваат тоа.

Главната причина е што и самите возачи, меѓи кои и јас самиот, сме навикнати на аналогни уреди. Дури и графиката да не имитира аналогни мерачи и да е целосно дигитална, и натаму возачот е навикнат да ја гледа пред се брзината на движење или вртежите на моторот додека вози, односно да си игра со централно поставениот екран на допир додека е во место.

Но, промени се чини ќе мора да дојдат, а дека купувачот може да ги прифати, доколку се промени на подобро, доказ е и Tesla, која во своите модели вградува 17 инчни екрани, на кои се прикажуваат многу корисни и релевантни информации.

Извор: The Verge

Претходна статијаLeap е натпреварувачот на Blackberry од средната класа
Следна статијаНајновата uTorrnet верзија доаѓа со Bitcoin mining софтвер кој се инсталира без знаење на корисниците