video-intro

Xiaomi продолжува да се шири надвор од производството на само мобилни телефони. Тие во своето портфолио на производи покрај сега популарните телефони, имаат и производи како преносни батерии, сет топ боксови, слушалки, спортски алки и многу повеќе.

Оваа недела оваа брзо растечка кинеска компанија претстави акциона камера, односно камера наменета за снимање на разни активности како што се возење велосипед, скијање, параглајдинг и слично.

Веднаш споредувана со главната камера во оваа област, GoPro Hero, Xiaomi Yi Action Camera доаѓа со слични карактеристики како основниот GoPro модел, но и нешто повеќе. Како и обично, она што сепак привлекува најмногу внимание е цената на Yi која што е дупло пониска од нејзиниот главен конкурент, па така таа ќе се продава за 64 долари, додека GoPro се продава за 125 долари.

Сега за сега, Xiaomi Yi е достапна за кинеските корисници, па нема дополнителни информации за можната достапност за останатите.

connect-02

Што се однесува до карактеристиките, Xiaomi Yi доаѓа со можност за сликање со резолуција од 16 мегапиксели, како и снимање на видеа во Full HD резолуција со 60 слики во секунда. Исто така оваа камера е прилично полесна од својот конкурент и тежи околу 70 грама, вклучува 64GB меморија.

Она што се истакнува кај камерата, која што има прилично ниска цена, е сензорот кој што се користи. Се работи за сензорот Exmor R BSI CMOS од Sony кој што доаѓа со доста високи оценки.

Извор: The Verge, TechCrunch, Cnet